4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во западна Канада беснеат пожари, евакуирани десетици илјади лица

Во западна Канада и натаму беснеат пожари, од кои само во покраината Британска Колумбија горат 155 пожари, а евакираните десетици илјади лица се уште не можат да се вратат во своите домови, соопштија властите.

Огнената стихија во Британска Колумбија уништи повеќе од 327.000 хектари шума и необработливо земјиште, пренесоа француските медиуми.

Портпаролот на противпожарната служба во оваа канадска провинција, Кевин Скрепнек, изјави дека 15-те активни пожари претставуваат „вистинска закана за заедницата”.

Досега само мал број луѓе успеале да се вратат во своите домови, а околу 46.000 лица и натаму се евакуирани.

Во гаснењето на поажрите учествуваат околу 3.000 пожарникари и 22 хеликоптери и противпожарни авиони „канадери“, додека засилувања пристигнуваат од други делови на земјата.

На источната падина на Карпестите планини, заради пожар делумно се затворени некои од најпознатите канадскии национални паркови, како што е „Банф“ во Алберта, што секоја година го посетуваат четири милиони туристи.

Големината на штетата на годинешните пожари е приближна на размерите на огнената стихија од 2003 година, кога повеќе од 50.000 лица морааа да ги напуштат своите домови, напоменуваат француските медиуми.

поврзани објави

Последни објави