Судот вчера донесе срамна одлука. Судот вчера падна под притисокот на СДС и нивните медиуми, СЈО и политичките случаи кои ти ги сценираат. Вчерашната одлука на судот го погреба концептот на правна држава. Одлуката за притвор која ја донесоа нема никаква правна основа, туку е партиско политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Судот вчера потклекна на притисоците. Судот вчера стана дел од сценариото на СДС и СЈО со кое започна да ги заплашува сите кои не размислуваат како Зоран Заев. Интегритетот и независноста на судството е доведено во прашање. Целта на овој притисок е јасна, да се заплашат сите оние кои се подготвени да се спротивстават на престојното распродавање на националните и државни интереси. Пораката на вчерашната одлука е или сите ќе клекнете на колена и ќе се откажете од борбата за Македонија или сите ќе заглавите во затвор, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Им порачуваме, додаде тој, никој нема да го исплашите, особено не тие кои се подготвени да стојат на браникот на државата и нејзините интереси.
-Ништо не е вечно. ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се врати на власт и сите срамни и неправедни одлуки ќе бидат преиспитани, а секој што не работел согласно закон, туку под политички диктат ќе сноси одговорност, подвлече Ѓорѓиевски.