Граѓанското движење против осиромашување денеска го блокираше булеварот „Илинденска“ пред зградата на владата во знак на изразување револт. Движењето денеска ги повтори барањата кои неколкупати досега ги побараа од владата.
Фото: Курир
Откажување од планот за зголемување на даноците. Бараме намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 отсто. Владата да се откаже од непродуктивни трошоци како на пример од зголемени средства за привремени вработувања, храна, репрезентации и службени картички, за сметка на зголемувањње на капитални инвестиции, градба на патишта, училишта, поддршка на стопанството, истакна Жарко Здравковски од движењето на денешниот протест пред владата.
Фото: Курир
Тие ќе продолжат со блокада со цел да го привлечат вниманието на владата да излезе во пресрет на нивните барања. Блокадите почнуваат од денеска и ќе траат од 15 до 17 часот.
Упатија апел до сите граѓани да им се приклучат зашто сметаат дека нивните барања се рационални и се против директното осиромашување на граѓаните.