3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

СЕММ го осуди попречувањето на работата на екипа на ТВ Шења

„Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ Шења била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува на преземање на неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања.

Безбедноста на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

Потсетуваме дека ваквата одговорност произлегува и од препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа околу заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери“, се вели во соопштението на Советот за етика во медиумите на Македонија.

поврзани објави

Последни објави