11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

(ВИДЕО)Ристова: Притворот е мерка од итен карактер за која се мерат часови, а не денови

Притворот е мерка од итен карактер и сите правни лекови за притвор се мерат со часови, а не денови или месеци како кај другите мерки, оценува поранешната судијка во Врховниот суд, Милка Ристова.

Ако се погледа законот за кривична постапка и судската пракса во изминатите 72 години , не постои одлука во која за определен притвор, жалбата го задржува извршувањето на решението. Жалбата нема суспензивно дејство, тоа извира од природата на притворот и целите кои се сакааат да се постигнат“, вели Ристова за Макфакс, која е и актуелен предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во однос на тоа дали за случаите кои ги води СЈО, се препознава политички реваншизам, како што тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ристова посочува дека улогата на обвинителот никогаш не е омилена.

-Секогаш кога некого повикувате на одговорност, кој и да е тој, се обидува да ја одбегне, таква е психологијата кај личноста. Особено кога зборуваме за кривично правна одговорност како лишување од слобода. Кога некој се решил да го крши законот, тој се надевал дека нема да го фатат… е кога ќе го фатат тој настојува како да ја намали одговорноста. Знаете, по дефиниција , функцијата на обвинителот не е омилена, вели Ристова.

На прашањето за формирање специјален суд, Ристова смета дека тоа го дозволува законот. Но според неа сепак најголемо влијание има кредибилетот на судијата кој ќе ги води случаите.

-Неподелено е мислењето во јавноста дека имаме проблем со правната држава, имаме проблем со одговорноста во највисоките врвови на власта. Судовите мора да обезбедат фер судење од судија кој е независен и кој нема претходно изграден став, туку одлуката ќе ја донесе врз основа на фактите и доказите. Сведочиме однапред на големо негирање на работата на СЈО, треба многу храброст и знаење кај судиите кои судат моќници за објективно да пресудат..дел од судиите досега не го покажаа тоа, но негативната оценка на судовите не е резултат на целокупната работа, туку на мал број судии.

Според Ристова потребни за реформи во судството, но тие треба да се направат постепено и по претходно направена сеопфатна анализа.
Извор: МакФакс

поврзани објави

Последни објави