4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Александар Сиди: Бугарија и Македонија имаат заедничко минато, но и заедничка иднина во ЕУ и НАТО

„Народот од двете страни на границата го има своето заедничко минато и да се надеваме својата добра заедничка иднина во рамките на Европската Унија“, ова го истакна бугарскиот парламентарец Александар Сиди во своето обраќање за време на чествувањето на 114-тата годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание организирано вчера од страна Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС) во с. Смилево.

Пратеникот во бугарскиот парламент од пратеничката група на Обединети Патриоти и членот на ИК на ВМРО-БНД,  во своето обраќање истакна уште дека, ако пред 114 години, Бугарија била слаба и не успеала да им помогне на своите браќа во Македонија, денес работите се сменети.

„Денес Бугарија е силна, веќе е дел од Европската Унија. Следната година Бугарија ќе претседава со Европската Унија и ќе биде основниот столб за интеграцијата на земјите од западниот Балкан, бидејќи тоа е иднината“, изјави Сиди.

Бугарскиот пратеник своето обраќање го заврши со зборовите: „Да живее Р. Бугарија, да живее Р. Македонија и да живее делото на Илинденците“.

На традиционалното чествување во Смилево и оваа година имаше гости од цела Македонија и Р Бугарија.

поврзани објави

Последни објави