14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

САД: Републиканците и демократите се договорија за санкции кон Русија

Претставници на републиканците и на демократите во американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за поширок пакет санкции кон Русија, со што сакаат да ја казнат Москва за наводното мешање во минатогодишните претседателски избори во САД, како и за руската воена агресија во Украина и во Сирија.

Вториот по хиреархија конгресмен во Демократската партија во Претставничкиот дом, Стени Хојер од Мериленд изјави дека се усогласени сите прашања за законот, кој покрај санкциите за Русија, опфаќа и економски казни за Иран и за Северна Кореја.

– Обезбедено е мнозинството (републиканците) и малцинството (демократите) да бидат во состојба да набљудуваат како администрацијата (на претседателот Доналд Трамп) ги применува санкциите, посочи Хојер.

Претсатвничкиот дом на Конгресот за законот ќе гласа во вторник.

поврзани објави

Последни објави