fbpx
6.8 C
Skopje

Заев: Итни реформски приоритети и добрососедска соработка за влез во ЕУ и НАТО

АКТУЕЛНО

Владата на Република Македонија ги темели своите активности на принципот на градење едно општество за сите. Низ ова, определбата за итни реформски приоритети и унапредувањето на добрососедската соработка, ги отвораме вратите кон ЕУ и НАТО, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба во Сараево со претседавачот на Претседателството на БИХ, Драган Човиќ.

Како што соопшти владината прес-служба на средбата е констатирано, дека со денешната официјална посета на владината делегација на највисоко ниво од Република Македонија во БИХ, се надминува непотребната двегодишна стагнација во односите меѓу двете земји, со оглед на тоа што станува збор за пријателски држави со исти стратешки цели, ЕУ и НАТО.

Заеднички е изразена силна политичка волја за натамошна интензивна соработка, што, како што стои, денеска на дело ја покажаа Република Македонија и Босна и Херцеговина, преку потпишувањето документи од областа на земјоделството и културата.

– Денеска Република Македонија и БиХ испратија сериозна порака дека двете земји се сериозно посветени да ја развиваат регионалната соработка, која што беше посочена на Самитот за Западен Балкан во Трст, како клучна во евроинтеграциите, и очекувам дека тоа ќе продолжи и во иднина меѓу другите држави од регионот, рече Заев.

Премиерот Заев и претседавачот на Претседателството на БИХ, Човиќ, се согласиле дека заедничкиот напредок на регионот ќе им помогне на државите во аспирациите кон ЕУ и НАТО, но и кон економски развој, тоа што е реална потреба на граѓаните, како и тоа дека ќе придонесе кон општа стабилност и безбедност.

Човиќ му честитал на Заев за неговото назначување за претседател на Владата на Република Македонија и на демократскиот начин преку кој што е формирана реформската Влада, ориентирана кон Европската унија. Потенцирано е дека е тоа пример за целиот регион, како можност за успех преку градењето мостови, се посочува во соопштението.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -