14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Црвенковски до бугарските колеги: Признајте го македонскиот народ и јазик и немаме проблем (ВИДЕО)

Неподготвеноста во Бугарија да ги признае засебноста на македонскиот народ и на македонскиот јазик создава сомнеж. Јас ви тврдам дека ако тоа прашање се реши, а тоа може да го реши само бугарската страна, почитувајќи го тоа право, во тој момент, никаква резерва во моментов и во наредните години, децении и векови во односите меѓу двете земји, меѓу двата народа нема да има.

Ова е изјавата на Бранко Црвенковски, кој на 15 април 2010 година, како претседател на СДСМ и поранешен претседател на Македонија, беше во посета на Софија, на средба со тогашниот бугарски претседател Георги Прванов и со поранешниот премиер Сергеј Станишев, тогаш лидер на бугарските социјалисти.

„Фактот дека Бугарите не се подготвени да ја признаат независноста на македонската нација, националниот идентитет на Македонците, прави Македонците да имаат резерви во однос на Бугарите“, изјави тогаш Црвенковски по средбата со Станишев.

поврзани објави

Последни објави