Јувентус ова лето остана без својот најдобар одбранбен фудбалер, Леонардо Бонучи кој се одлучи за шокантен трансфер и премина на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека италијанскиот шампион бара замена ,а изборот падна на Езекил Гарај, кој моментално го носи дресот на Валенсија, а во минатото настапуваше за Зенит, Бенфика и Реал Мадрид.
„Тутоспорт“ пренесува дека Аргентинецот е реална опција и дека самиот фудбалер сака да се пресели во Торино, а „старата дама“ е спремна да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.