6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

НДМ: Премиерот Заев да иницира избори на местото на Градоначалникот Заев

Општина Струмица во моментот функционира со незаконски градоначалник – велат од Народното движење за Македонија.

„На Зоран Заев му престана мандатот на Градоначалник на Општина Струмица на 30 декември 2016 со верификување на неговиот мандат за пратеник во Собранието на Република Македонија. Престанокот на градоначалничкиот мандат на Заев настапи поради неспојливост на функцијата градоначалник со функцијата пратеник.

Согласно законот, член од Советот на општина Струмица е определен да ја врши функцијата градоначалник по престанокот на градоначалничкиот мандат на Зоран Заев. Исто така, според законот, во случај на престанок на функцијата на градоначалник, избори за нов градоначалник нема да се спроведуваат доколу до новите локални избори има помалку од шест месеци. На 30 декември 2016 кога му престана мандатот на градоначалник Зоран Заев имаше помалку од 6 месеци до локалните избори во мај годинава, и во таков случај како што спомнав, според законот не се спроведуваат нови избори туку се поставува член од Советот кој ја врши функцијата градоначалник.

Меѓутоа, локалните избори се презакажани за 15 октомври, што значи дека од престанокот на градоначалничкиот мандат на Зоран Заев сега се поминати повеќе од шест месеци, а во таков случај треба да се спроведат избори за градоначалник на Општина Струмица.

За разлика од редовните избори кои ги распишува претседателот на Собранието, процедурата е малку поразлична при распишувањето на избори во случај на престанок на мандатот на градоначалник по сила на законот, како што е во случајот со Заев.

Имено, во таков случај, потребно е министерството за локална самоуправа да ја извести Владата која констатира престанок на мандатот на Градоначалник на Зоран Заев и истовремено Владата треба да иницира постапка за распишување нови избори во Струмица поради престанок на мандатот на градоначалникот Зоран Заев“ велат од НДМ.

НДМ апелира до надлежните институции веднаш да преземат „потребни чекори за отстранување на овој тежок и опасен превид, бидејќи, само по себе е скандалозно сознанието дека во моментот Општина Струмица има незаконски градоначалник. Со еден збор, премиерот Зоран Заев да иницира постапка за избори во Струмица поради престанок на мандатот на Градоначалникот Зоран Заев“.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -