3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Шеќеринска: Јолевски ги поништил договорите од 112 милиони евра, затоа што знаел дека се менува власта

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска во интервју за 24 вести тврди дека до половина од годината во министерството за одбрана за капитални инвестиции се реализирале само пет проценти од вкупната сума.

– Ако сакате да го почитувате законот, до крајот на годината не е возможно тој процент многу да се зголеми. Меѓутоа, вистинската причина зошто се очекувало дека ќе се потрошат парите, а денеска реалноста го демантира тоа, поточно станува збор за четирите договори што ги потпишал министерот Јолевски, таканаречени договори за модернизација на Армијата во вкупен износ од 112 милиони евра. Тие не требаше да се платат во првата година, туку во следните неколку години. Овие договори биле потпишани и покрај тоа што имало големи разлики меѓу министерот за одбрана и врвот на армијата. Јас мислам дека вистинската причина зошто беа откажани договорите било затоа што биле свесни дека ќе се смени власта. Колку што сум информирана, израелските фирми нема да бараат казнени пенали – истакна Шеќеринска.

 

поврзани објави

Последни објави