Деновиве во Русија ги видовме нив. Евтините играчи кои требаше Македонија да ја фрлат во граѓанска војна, со крајна цел, внатрешна поделба на дел кој сака кон Запад и дел кој сака кон Исток. Стевче Подржикоњ, Стоиљковиќ другар му на шпионот Живаљевиќ, Дамовски, Миленко и останата клапа, Пандов, Мирка, Ристо и останатите кои од дома ни продаваа ветар и магла дека Европјаните сакале да ја преебат Македонија. Тоа лесно ќе го направеа да сакаа бе дечки. Ќе не оставеа на 27 април добро да се измлатиме, да падне некоја жртва у парламент, народ да излезе на улица и да почне покољот. За среќа не било така. Евтината роба на предавници која деновиве бесрамно се сликаше по Русија и заговара и понатаму Македонија да остане надвор од европскиот пат, веќе ја симна својата маска. Ги видовме и странските и домашните агенти кои имаа задача во Македонија да го донесат хаосот. Она што некој друг со судни напори го спречи.Ако се водиме по нашиот државотворен капацитет, тоа ќе го направеа многу лесно, ќе опнеа црта помеѓу НЕ у ЕУ територијата, населена со неосвестени Македонци и секогаш послушните Албанци и така Заедничката Македонија на Дамовски и компанија ќе станеше Кипарска Македонија. По тертипот на денешен Кипар кој многу успешно фунцкинира за светот така поделен и распарчен. Едниот дел во Европа, другиот изолиран во Турција. Во нашава приказна, патот кон Европа ќе си го фатеа проевропските Албанци, а ние и понатаму ќе останевме недефинирана територија, која паѓа у транс на тотеми и митови. Разграничени со гаранти од Европа и НАТО. Но не била таа целта .
А како народ не сме биле поделени по тоа прашање. Сеуште не можам да поверувам дека српското, опа бато, fuck you NATO, стана и девиза на Македонецот. Зошто? Кога нашите војници веќе учествуваат во мисии под НАТО знамето а САД е со потпис и дело наш стратешки партнер?
Останува во времето кое престои да почекаме да спласне прашината, маглата и лагите кои ги лиферуваа домашните предавници, и сите да ја видиме јасната слика пред нас. За среќа, никој не сакал да ја уништи Македонија а војната не започна, иако секојдневно ни се најавуваше. Имаме заостанување со регионот од едно 10 години а патот со тој регион нема да го изодиме со дигање тотеми, величање на квази-лидери и дигање на високи споменици. Време е вистинските визонери да го поведат орото зошто популистите можат да ги верглаат уште 30 години нивните приказни. Тие така ќе си останат големи, а народот кој живее тука, мал, излажан и оболен од фрустрации. Времето лечи се, велат постарите, па дури и тешкиот отров со кој го затруја разумот на Македонецот. Помеѓу нивната Заедничка(Кипарска) Македонија и онаа Европската, јас ја одбирам втората. Со сите нејзини благодети и негативности…
Напиша: Булеварко