fbpx
2.3 C
Skopje

Таравари во посета на САД

АКТУЕЛНО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со делегација од кабинетот, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

Работната посета почнува во Вашингтон, каде што ќе оствари средба со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и амбасадата на Република Македонија во САД.

За време на престојот во Вашингтон, министерот ќе оствари средба со менаџментот на водечките американски болници, како и интернационални организации од областа на здравството, со цел размена на искуства и формирање стратешки партнерства за реформи во здравството.

Во рамки на работната посета на САД, министерот ќе престојува и во Њујорк каде што ќе се сретне со претставници на Светската здравствена организација, како и со раководството на реномирана њујоршка болница, соопштуваат од министерството за здравство.

– Оваа посета е од клучно значење за македонското здравство и веруваме дека со овие средби ќе овозможиме размена на искуства кои потоа ќе ги примениме како темел за реформи во здравствениот систем.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -