Апелациониот суд Скопје по одржаните јавни седници на ден 24.07.2017 година донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите, како и жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, за определување мерка за обезбедување присуство во текот на постапката-притвор, со што према обвинетата Е.К.М. и обвинетата Л.Л.Ц. ги потврди првостепените решенија со кои се определени мерки на претпазливост: обврска за обвинетите да се јавуваат во судот и привремено одземање патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
Истовремено, ја одби како неоснована жалбата на обвинетата Ј.У. и го
потврди првостепеното решение со кое према обвинетата се определени мерки на претпазливост: обврска за обвинетата да се јавува во судот и привремено одземање патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа, се вели во соопштението на Апелациониот суд Скопје.