Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северните и западните делови променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.УВ индексот ќе изнесува 7.
Температурата ќе се движи од 21 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Температурата ќе достигне до 31 степен.
Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.