fbpx
-4.2 C
Skopje

Жбогар очекува политичка поддршка за Владата од сите политички субјекти за законот за албанскиот јазик

АКТУЕЛНО

Евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Струга изрази оптимизам во однос на имплементацијата на реформскиот владин план. Тој порача дека очекува политичка поддршка од сите политички субјекти околу донесувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик. Во исто време, тој вели дека очекува и албанската заедница да покаже разбирање за ставовите на другата страна.

„Што се однесува до употребата на јазиците и албанскиот јазик, тоа е прашање кое е од огромна важност за албанската заедница во вашата земја бидејки албанската заедница чувствува дека со усвојување на овој закон, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор ќе биде целосна. Ако етничките заедници се обидат да се сослушаат меѓу себе, зошто некој има потреба или бара некои права да му се реализираат, истото важи и за албанската заедница да ја сослуша другата страна кои се нејзините стравови. Мислам дека ако се има ист приод од истите страни на крај решението ќе биде поддржано од сите страни“, рече Жбогар.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -