Финишираат списоците со имињата кои ќе бидат новите директори на државните институции и претпријатија. Според сознанијата на ТВ 24 , коалиционите партнери успеале да ги усогласат предлозите за поголемиот дел од институциите. Поделени се директорските фотељи во речиси сите битни претпријатија.
Во моментот има жестока битка само за директорската позиција во Телекомпреголеми барања од страна на Алијансата за албанците, која бара повеќе од две директорски места.
Според извори на ТВ 24 директорското место во Царинa оди кај СДСМ. На оваа позиција најсериозна опција e Игор Милев, член на Државната изборна комисија, но сепак, за него се споменуваат и други позици, па неизвесно е за која од ќе падне конечната одлука…Милев во ДИК пак треба да го замени Викторија Аврамовска Медиќ која во моментот работи во Кабинетот на претседателот Иванов.
За прв човек на ЕЛЕМ, се уште е во игра е србинот Александар Обрадовиќ, но сепак оваа позција за него е неизвесна поради притисокот во јавноста каде тој се најде на удар заради начинот на кој раководел со српското електростопанство. За Обрадовиќ неодамна имаше процедура за издавање на македонско државјанство.
Директор на ЈП Македонски шуми ќе биде Зоран Горгиев кој е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Кавадарци.
Исти личности за споменуваат за повеќе позиции. Нашите извори велат дека иако списоците се речиси готови се до конечното назначување се можни промени и сите опции се отворени.