21.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Влада: Планот 3-6-9 се одвива со добра динамика

Планот 3-6-9 за итните реформски приоритети се одвива со добра динамика. За три недели од вкупно 73 мерки предвидени за тримесечниот временски период, досега реализирани или адресирани се 23, констатирала Владата на одделна седница.

На седницата е прифатена и Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, односно негово адаптирање. Станува збор за усогласувања во делови на владеењето на правото, јавната администрација и јакнење на административни капацитети, слободното движење на капитал, финансиските услуги, енергетиката, образованието и животната средина.

Владината прес- служба денеска соопшти дека Владата констатирала оти е потребно институциите коишто досега не покажале интерес и капацитетност за користење на ИПА фондовите, да се посветат посериозно на искористување на средствата од овие фондови коишто се однесуваат на реализација на реалните потреби на граѓаните.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -