-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев ја информираше јавноста за договорот со Бугарија – тој ќе биде потпишан на двата јазика согласно Уставите на земјите!

Новата влада со ваша поддршка на седница го прифати извештајот за завршените преговори за текстот за договорот со добрососедство, го прифати усогласениот текст и донесе одлука да го потпишам

Овој договор е во согласност со националните интереси на Република Македонија, овој голем чекор одговара на интересите на народите на Македонија и Бугарија. Ние ќе подаваме раце, за да ги сплотиме граѓаните. Јас сум цврсто решен да водам политики кои решаваат проблеми. Овој договор меѓу двете земји го усогласивме затоа што и од другата страна имаме пријател и сосед со добра волја, да затвориме прашање кое непотребно одолговлекува внимание и енергија. Договорот ќе помогне за поврзување во патната и гасната инфраструктура, ќе ја унапредиме размената на стоки, услуги и капитал. Зошто трговската размена наместо 500 или 600 илјади евра, да не биде една милијарда евра.

Договорот овозможува царински и гранични олеснувања. Преку овој договор ќе овозможиме економски развој на државата и поголема економска благосостојба за граѓаните. Заедно застануваме против говорот на омразата и пропаганда доколку се појави внатре во државата. Минатото и историјата ги поставуваме како темел на иднината. Бугарија го поддржува цврсто приемот на Македонија во ЕУ и НАТО, без поставување на услови. Европската иднина и е потребна на РМ, европската иднина и е потребна на регионот. ЕУ во ТРСТ препозна во Република Македонија мотор на развој на меѓународната соработка. Успехот за постигнатиот договор е заеднички и национален, на сите граѓани, сите партии и на сите влади. Оваа влада го финализираше договорот кој што е почнат во 2009 година. Очекувам опозицијата да учевствува во заокружувањето на процесот, да даде поддршка на овој договор. РМ се издигнува за пример на соработка во Југоисточна Европа.

Забелешките од опозицијата Заев вели дека биле конструктивни. Ова е договор кој ги прави среќни и двете страни, и Македонската и Бугарската. Треба да гледаме на чашата како полуполна, доста ја гледавме како празна. Текстот на договорот е навистина во своевидно совршенство. Овој договор ги прави поприлично малку повеќе задоволни и двете страни. Јас сум апсолутно свесен дека и во Комисијата за надворешни работи, и во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има искусни луѓе кои потрошиле време на овој договор и тие апсолутно се свесни дека овој договор е нешто добро за РМ и за сите нејзини граѓани.

Јас градам партнерство за добра соработка и само ќе кажам: Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик согласно Уставот на Република Македонија, мојот потпис ќе стои на македонски јазик и на бугарски јазик, потписот на Бугарскиот премиер ќе стои и на бугарски, но и на македонски јазик. Тоа значи дека договорот ќе биде потпишан и на двата јазика, согласно уставите на двете земји, рече премиерот Зоран Заев.

Тука застанува миграцијата на младите од Македонија. Договорот е во правец, меѓудругото, за конечно да биде запрена миграцијата. Договорот отвара сноп, купче на перспективи на Македонија, најповеќе на младите генерации. Бизнис повеќе, транзитирање и туризам посебно меѓу младите, повеќе вработувања. Договорот има многу бенефити и предности за Република Македонија. Еден од нив е да ја сопре тенденцијата за иселување на младите од државата, истакна премиерот.

Заев, доаде дека Договорот ќе биде потпишан на 1 август во Владата на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави