4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски и бугарскиот амбасадор разговараа за договорот за добрососедство

Република Македонија има интерес за развивање и продлабочување на односите со соседна Република Бугарија, бидејќи е взаемен интерес натамошниот прогрес на земјава во евро-атлантските инеграции, беше заклучено на средбата меѓу претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и бугарскиот амбасадор Иван Великов Петков.

Бугарскиот амбасадор Петков посочи дека со потпишување на договорот за добрососедство се затвара едно исклучително важно прашање, а Македонија добива уште еден партнер и поддржувач во нејзините напори за членство во ЕУ и НАТО.

Како што соопшти партијата, Груевски позитивно ја оценил волјата на Република  Бугарија да помогне во остварување на овие цели, бидејќи истите се приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ напорно работеше во приближување на ставовите на двете земји за потпишување на фер договор и дека заради нетранспарентноста во која што актуелната влада го водеше процесот сега се вознемирува и општата и стручната јавност. Како партија ВМРО ДПМНЕ даде неколку конструктивни предлози кои доколку се вградат во финалната верзија, значително би го подобриле договорот и би биле јасен показател за искреноста на двете страни во подобрувањето на односите. Според Груевски, откако ВМРО-ДПМНЕпартијата ќе ја има на увид финалната верзија на договорот и откако истата ќе биде анализирана во партиските тела и комисии, ќе заземе став.

поврзани објави

Последни објави