fbpx
5.8 C
Skopje

И Вардар има свој Балотели!

АКТУЕЛНО

Македонскиот првак Вардар во квалификациите за Лига на Шампиони веројатно ја пишува најубавата приказна од сите клубови ова лето.

Вардар успеа да дојде до третото претколо во кој ги чекаше Копенхаген. Вардаровите момци синоќа на теренот го дочекаа данскиот великан и на изнандување на многумина успеаа да слават со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Балотели, но не Марио туку далеку помалку познатиот Џонатан.

Овој бразилски фудбалер пред месец дена потпиша за Вардар во кој пристигна од бразилскиот тим Trabalhadorea. Повеќе од јасно е дека неговиот идол е Марио Балотели и Џонатан признава дека сака да научи што повеќе од италијанскиот напаѓач.

На интернет се појави и интересна фотографија која ја насмеа спортска јавност. Пред неколку години Џонатан одлучи да го имитира својот идол, односно легендарната прослава на Балотели против Германија во полуфиналето на Европското првенство 2012 година. Џонатан набрзо ги освои симпатиите на спортската јавност и тоа сосема оправдано.

Џонатан Балотели

 

Марио Балотели

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -