4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тркалото се врти (ФОТО)

Со потпишувањето на осум договори меѓу македонската и бугарската влада Македонија прифаќа формулација што ќе биде основ за понатамошно негирање на постоењето на македонскиот јазик и на македонската нација, а преку потпишувањето на изјавата, премиерот Георгиевски ќе се откаже од заштитата на македонското национално малцинство во Бугарија. Ова е ставот на некогашниот секретар на СДСМ Ѓорѓи Спасов, кој на тогашната прес конференција истакна дека треба да се испита дали декларацијата која ја потпишуваше претседателот на тогашната Влада на РМ, Љубчо Георгиевски е национално предавство.

Времињата се менуваат. Ако до пред 20 години Љубчо Георгиевски беше напаѓан поради своето визионерство, денеска токму партијата на Ѓорѓи Спасов ја покажа потребната одговорност да го потпише договорот со Бугарија, нешто што Георгиевски можеше да го направи уште тогаш.

поврзани објави

Последни објави