fbpx
-4.2 C
Skopje

Кабинет на Претседателот Иванов: Техничка грешка при упатувањето покана до градоначалникот на Струмица

АКТУЕЛНО

„Кабинетот на Претседателот на Република Македонија информира дека е настаната техничка грешка при упатувањето покана до градоначалникот на општина Струмица за присуство на прославата на државниот празник „Илинден“ во Скопје и воедно се извинува за настанатиот превид на протоколарните служби во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Информираме дека до г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, е испратена покана за негово присуство“, се вели во одговорот од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Претходно, Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, испрати покана до Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица со која што го поканува да присуствува на свеченостите што ќе се организираат по повод Илинден.

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, го извести Иванов дека Зоран Заев од 2016 година не е Градоначалник, туку по добиениот мандат од Иванов е Премиер на Република Македонија.

покана

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -