fbpx
-6.2 C
Skopje

(Де)партизација

АКТУЕЛНО

„Слушај, јас од утре му ги зимам сите комитети. Во рок од недела дена му ја распаѓам партијата, сите во цела држава. Тоа е супер, ама треба да направиме Мартин и еден список, да ги сотреме. Па така, не може некој што душа ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во инситутицииве. Нема бе да работат во МВР. Нигде нема да работат.“

Ова почитувани читатели, не се мои зборови, туку на нашите драги екс функционери кои денес верувале или не, се жалат кај странските амбасадори (истите оние кои ги “плукаа“ од говорница) дека СДСМ врши брутална партизација, брка противзаконски од работа и остава самохрани мајки на улица. Бре, мајката. Сите тие наеднаш станаа душегрижници за сите невработени во државата, за сите избркани од работа, за “корумпираното“ судство, за необјективните и пристрасни медиуми, за продавањето на државата (договорот со Бугарија) итн итн… Замислете, луѓето кои повеќе од 10 години ги узурпираа институциите во државата, кои го прогласија за “национален“ предавник секој оној кој што не мисли како нив, луѓето кои нарачуваа апсења, луѓето кои вршеа пропаганда преку медиумите, денес трчаат и како мали деца плачат пред странските амбасадори (ќе повторам, истите оние амбасадори кои ги плукаа) дека во Македонија нема демократија, дека СДСМ брутално ја партизира администрацијата (истата онаа администрација во која напикаа партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ) дека се врши притисок врз медиумите. Не би сакал да глумам сега дрвен адвокат на СДСМ, бидејќи искрено политички сум неопределен, но сакам да ги потсетам – зарем толку брзо заборавивте како се однесувавте десет години? Од МВР направивте МВРО-ВМРО, од Сител направивте Куртон Вести, од Канал 5 направивте медиум на кого што ќе му се наредува каде и кога и како треба да се снимаат и пуштаат вести, нарачувавте, уценувавте, потценувавте, казнувавте, заплашувавте, бркавте од работа или со еден збор – УНИШТУВАВТЕ!

И сега како Вие, господа од ВМРО-ДПМНЕ, очекувате со истиве овие луѓе, на чело со Никола, да дојдете повторно на власт? Што повеќе ќе му ветите на народот, што не му ветивте, што повеќе ќе го излажете, што не го излажавте во овие десет години? Самите ваши луѓе ги направивте насилници. Истите оние кои влегоа да ве бранат во Собранието, додека вие гледавте пред телевизор и се ситевте. Затоа ПРАВДА мора да има. ПРАВДА И ЗА МАКЕДОНИЈА, но и за ВМРО, она ВМРО-ДПМНЕ чие име го користевте за ваши лични промоции, за ваше лично богатење и сеење страв меѓу луѓето.

 

(авторот и е познат на редакцијата)

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -