fbpx
2.3 C
Skopje

САД им наредија на семејствата на американските дипломати да ја напуштат Венецуела

АКТУЕЛНО

САД им наредија на семејствата на американските дипломати да го напуштат Каракас пред одржување на гласањето в недела за Уставотворно собрание, што предизвика масовни протести во Венецуела.

Стејт департментот, исто така, ги предупреди американските државјани да не патуваат во Венецуела поради зголемените тензии и насилство.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро свика избори за Уставотворно собрание, со цел да биде сменет уставот. САД го повикаа Мадуро да ги откаже изборите и му се заканија со дополнителни санкции доколку не го направи тоа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -