28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Иниеста и Суарез со заеднички став: Време е Нејмар…

Барселона запиша две победи на подготвителните натпревари на турнејата низ Соединетите Американски Држави, но и понатаму главна тема на разговор кога се во прашање каталонците е иднината на Нејмар.

Тој се поврзува со рекорден трансфер во ПСЖ вреден 222 милиони евра, па оваа трансфер сага веќе почна да ги загрижува останатите играчи од клубот кои побараа истата да заврши, односно Андрес Иниеста и Луис Суарез го посоветуваат Неј да се огласи и да каже кој е неговиот став за да се стави крај на оваа ситуација.

-Би сакале луѓето да не говорат толку за ова, но има еден начин за да се стави крај-тоа е Нејмар да зборува. Јас секогаш велам дека тој е еден од најдобрите играчи на светот и се надевам ќе остане во Барса уште многу години. Тоа ќе бидат одлични вести за клубот и за него. Тој е во еден од најдобрите клубови и мојот тим секогаш ги сака најдобрите. Нема никаков сомнеж, сите сакаме да остане, -рече Иниеста во пресрет на дуелот со Реал Мадрид.

-Ние сите велиме, колку побрзо се расчисти ситуацијата толку подобро ќе биде за нас, вклучувајќи го тука и Нејмар. Тој ќе ни даде објаснување и ние мора да го поддржиме без разлика каква одлука ќе донесе. Соиграчите сакаат да остане, задоволство е да се игра со него и ќе биде штета да го загубиме, -истакна Суарез.

 

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

     

Последни објави