6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бетмен, кој тврдеше дека не припаѓа на ниту една партија стана член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен Комитет, а за нов генерален секретар е избран Христијан Мицковски. Во извршниот комитет влезе и Богдан Илиевски-Бетмен, кој за време на протестите кои ги организираше и кои завршија со влез во Собранието тврдеше дека не припаѓа на ниту една партија и дека не е во координација со ВМРО-ДПМНЕ.

Нови челнови на ИК станаа Драги Димитровски, Игор Николов од Нефрологија, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, несудениот амбасадор во Брисел, Александар Николоски, Џери Наумов кој привлекуваше странски инвестиции, Златко Перински, основачкот на Стоп Операција Сорос, Никола Србов, Славе Трпески, пратеничката Ане Лашкоска, Сеад Солаковски,лекар од Лабуништа, Марио Цветковски, Дијана Транталовска, кошаркарот Дејан Јовановски, портпаролот на владата на Никола Груевски, Александар Георгиев.

поврзани објави

Последни објави