fbpx
5.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане да се однесува како сопственик на Република Македонија

АКТУЕЛНО

„СДСМ уште една покажа дека не е заинтересирана да работи во интерес на граѓаните на Република Македонија. Тие не покажаа капацитет дека одговорно совесно ќе ги трошат народните пари. Тие покажаа негрижа кон граѓаните и нивните потреби, а најмалку од се покажаа инклузивност за конструктивните предлози кои доаѓаа од здруженијата, граѓаните и опозицијата.

Со одбивањето на сите амандмани предложени од страна на опозицијата СДС покажа како планира да владее со Македонија во нивниот мандат. Толку од убедувањето на СДС дека сакаат да работат посветено и на демократски начин во корист на сите граѓани на Република Македонија.

Од предложените 706 амандмани од страна на опозицијата разгледани се само 62 и сите се одбиени. Опозицијата со 51 пратеник претставува над 450000 гласачи, а никој од актуелната власт не сакаат ни да го слушнат нивниот глас и проблеми. Владата не сака да слушне за проблемите на овие луѓе, а на пак за нивно решавање.

Доколку СДС сака да се однесува како демократска партија треба да престане да се однесува како да се сопственици на Република Македонија и за сите важни прашања во Македонија ќе мора да се консултира со опозицијата и да го земе во предвид нивното мислење. Додека беа во опозиција полна им беше устата со инклузивност, демократија, грижа и слично, а сега воопшто немаат слух за ставовите на опозицијата и за потребите на граѓаните кои беа преточени во амандмани на ребалансот на буџетот.

СДС мора да почнат сериозно да ги земат во предвид барањата и потребите на сите граѓани на Македонија и да излезат во пресрет со нивно брзо решавање, во спротивно само ќе ја потврдуваат нивната неодговорност, неспособност и негрижа во своето владеење“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -