Блес Матуди и Серж Орие се имињата кои според француските медиуми би можеле да бидат новите засилувањата во редовите на Црвените ѓаволи, откако претходно во Манчестер благодарение на Мино Рајола пристигнаа Златан Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитарјан и Пол Погба.
Двајцата играчи на ПСЖ долго време се поврзуваат со трансфери во други тимови, а во неколку наврати како можна опција за нив беше споменуван тимот на Манчестер Јунајтед.
Изворите од Франција тврдат дека Мурињо и Рајола се во постојан контакт и дека токму двајцата фудбалери на ПСЖ се следната желба на Португалскиот стратег.