fbpx
1.8 C
Skopje

Трамп: Кина не презема ништо во врска со Северна Кореја

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочарување затоа што, како што оцени, Кина не презема ништо во врска со постапките на Северна Кореја.

Претходните американски лидери и овозможија на Кина да заработува стоотици милијарди долари од трговијата (со САД), а таа не прави ништо да ни помогне во врска со Северна Кореја, туку само зборива. Нема да дозволам тоа да продолжи и во иднина. Кина може лесно да го реши овој проблем, напиша Трамп на својот налог на Твитер.

Реакцијата на Трамп уследи откако Северна Кореја во петокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета со среден дострел. Тоа беше втор ракетен тест на Северна Кореја овој месец, по лансирањето на ракетата „Хвасонг-14“ на почетокот на јули.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -