fbpx
-2.2 C
Skopje

Комбиња без возачи почнаа да се движат во Талин по повод естонското претседавање со ЕУ

АКТУЕЛНО

Комбиња без возачи почнаа да се движат од овој викенд во центарот на Талин во рамките на пилот проект, инициран по повод естонското претседавање со ЕУ, кое продолжува до крајот на годината.

– Пред петнаесетина години смарфоните, електронскиот потпис, електричните автомобили и автоматските каси во супермаркетите ни изгледаа како научна фантастика, изјави Мартен Каевац задолжен за новите технологии во естонската влада. Тој истакна дека развојот на новите технологии е од водечко значење за Естонија и Европа.

Двата минибуса, кои можат да транспортираат до осум патници, ќе кружат во текот на шест дена неделно по маршрута во центарот на градот. Патниците не плаќаат ништо за ова патување. Водич ќе им ги објаснува техничките аспекти на проектот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -