11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЕЛЕМ, МЕПСО И ЦАРИНА утре ќе добијат нови директори

Нови директори на повеќе институции и претпријатија, владата најверојатно ќе назначи на утрешната седница, дознаваат од Тв 24.

Владината седница веќе е закажана. Засега не се откриваат имињата на новите директори, ниту пак институциите и претпријатијата, кои ќе добијат нови раководни кадри.

Според извори на телевизијата, назначувањата ќе бидат за клучните институции од повеќе ресори. Според  информациите, коалиционите партнери успеале да ја усогласат распределбата на институциите и за поголемите и поважните веќе се утврдени и имињата кои ќе ги раководат.

Засега од поголемите институции и компании, без директори се ЕЛЕМ, МЕПСО, Агенција за државни патишта, царина, платежна агенција.

поврзани објави

Последни објави