fbpx
-2.2 C
Skopje

ФСП: Осуда за кукавичкиот чин, Груевски не знае што значи демократија

АКТУЕЛНО

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува последниот кукавички чин на Никола Груевски. Со ваквата постапка Никола Груевски уште еднаш покажа дека во суштина не знае што значи зборот демократија. Смената на Извршниот комитет на партијата кој е направен без дебата внатре во самата партија е уште еден доказ дека на ВМРО ДПМНЕ неопходно и е промена на Статутот и демократизирање на партијата.

Сакаме да му укажеме на Груевски дека ВМРО ДПМНЕ не е негова своина. Редно време е Груевски да прекине своите другарчиња да ги става во Извршниот комитет на партијата и тоа да го прикажува како некакво си освежување.
Господине Груевски вашето лицемерие нема крај. Зошто?

1. Од една страна во јавност се залагате за членство на нашата татковина во НАТО и ЕУ, од друга страна во ИК на партија ставате луѓе кои отворено се противници на таа идеја.

2. Во јавноста кажувате дека немате врска со настаните од фамозниот 27 април и јавно ги нарековте насилници луѓето кои ви веруваа, а од друга страна предводниците, они кои на 27 април први кукавички избегаа, ги ставате во Извршниот комитет на партијата.

Груевски овој пат нема да помина вашите лаги и манипулации. Овој пат вашето т.н. освежување ќе доживее тотално фијаско. На чесните и искрени вмровци преку глава им е од вашето нахално однесување и ставањето на луѓе со сомнителни биографии и сомнително минато на одговорни позиции во партиските тела и органи. ВМРО секогаш било водено од истакнати интелектулаци, од кога сте вие на чело на партијата таму преовладуваат медиокритети и полтрони.

Груевски време е да си заминете од челната партиска позиција и да овозможите организирање на Конгрес на кој покрај усвојувањето на нова партиска доктрина треба да се случат и промени на Статутот на партијата“, се вели во соопштението на Форум на слободоумни патриоти.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -