4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Став и порака од Љубиша Георгиевски до граѓаните

Поранешниот претседател на македонското Собрание, Љубиша Георгиевски, испрати став и порака до граѓаните.

Слушам и читам критики дека ВМРО-ДПМНЕ била многу блага во реакцијата за договорот со Бугарија. Прочитав дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одлучил пратеничката група да не го подржи договорот со Бугарија, и тоа е јасно како бел ден. До вчера беше нејасно и имаше оправдани коментари. Сепак јасно е и дека некои наши членови, но и пошироко многу граѓани на Македонија имаат поинакви и би рекол нереални очекувања од ВМРО-ДПМНЕ. Би набројал 5 важни и клучни работи:

1. Народот мора да разбере дека 51 пратеник не се и не можат да станат 61 пратеник што и да направиме до следните парламентарни избори. Не попусто во изборите ВМРО-ДПМНЕ и пред се Груевски апелираше секој ден до народот да и додели 63 пратеника и дека во спротивно ќе се случува редифинирање на државата кое СДСМ пред изборите го најави. Значи ВМРО-ДПМНЕ 100 пати предупреди што не чека ако овој пат нема 63 пратеници. Тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ само 51 пратеник и замина во опозиција.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ имаше 63 пратеници немаше да ни се случи Талат во Парламентот ниту пак последиците од тоа. Немаше да има ваков договор со Бугарија и многу други нешта кои следат.

2.Дел од граѓаните ја споделуваат и ќе ја споделуваат одговорноста со поддршката на СДСМ или неподдршката на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Едноставно треба да си го признаат тоа, дека и за договорот со Бугарија и за престојното носење на контраверзниот Закон за јазиците, и за престојното менување на името, примањето голем број мигранти во Македонија на трајно живеење, можното легализирање на хомосексуални бракови и посвојувањето на деца од нив и за многу други работи кои ќе следат, едноставно овие граѓани, дел од овој народ споделува одговорност и не може вината да ја бара кај ВМРО-ДПМНЕ на која и даде слабо „оружје“ од само 51 пратеник во Парламентот.

3.Многу луѓе навиканати цели 11 години на ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство во Парламентот експресно ги решаваше многу од проблемите во Македонија се уште не можат да разберат и прифатат дека ВМРО-ДПМНЕ сега е опозиција, дека нема мнозинство во Парламентот и дека има само 51 пратеник, а СДСМ 62 со потенцијал за 69 пратеници, со уште две албански партии кои често ги гласаат предлозите на СДСМ.

Луѓето се уште како да живеат во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имаше мнозинство пратеници во парламентот, се лутат за неспречувањето на ВМРО-ДПМНЕ на грешните политики на СДСМ која ја има моќта со мнозинството пратеници. Народот треба да разбере дека со 51 пратеник ВМРО-ДПМНЕ не може да спречи ништо што СДСМ, ДУИ и Села ќе наумат да го направат.

ВМРО-ДПМНЕ може да критикува, да не се согласува, да гласа против, да протестира и слично, но не може да спречи, особено кога зад некој чекор на власта стојат големи сили, што власта ја охрабрува да „гази“ по секоја цена. Тоа би можела да го спречи и речиси секогаш го спречуваше само кога имаше мнозинство во парламентот. И тие можеа да имаат грб од надвор ако ја играа оваа игра, но се одлучија на прво место да им биде волјата на народот. За тоа трпат и ќе трпат последици, и затоа овој народ нема право да им се лути ним, а дел од народот кој не ги поддржа од која било причина треба да си признае дека споделува одговорност за ова што ни се случува.

4.Народот, исто така, треба да знае дека постои само еден начин да се казни СДСМ и да се спречат понатамошните штети од СДСМ. Тој начин се гласањето на изборите за ВМРО-ДПМНЕ. Масовно и одлучно. Без претходно да подлегнат по многуте трикови во изборниот период, и на многуте лаги, интриги, местенки, дезинформации или полуточни информации и сите манипулации на СДСМ и нивните поддржувачи кои со сигурност ќе следат. Одлучно и масовно!!!

Првиот чекор е за само 75 дена од сега, на локалните избори. Моќна победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори нема веднаш да ги смени силите во Парламентот, но ќе создаде атмосфера која ќе колминира со предвремени избори во Македонија, на кои исто така, ќе биде потребно уште едно масовно и одлучно гласање за ВМРО-ДПМНЕ. Во демократски земји само тоа е начинот да се спречат вакви работи.

5.Заблуда е ако некој верува дека со фрлање камења или шишиња, инциденти, довикување, или пак насилство и тепање ќе се спрецат намерите на Зоран Заев и неговите поддржувачи. 
Државата која сега е заровена од СДСМ има механизми да се справи со тоа, и тоа може да не одведе во граѓанска војна, кога и другата страна ќе собере луѓе да го направат истото.

Тоа најчесто го бараат луѓето, но повеќе водени од емоциите, а многу помалку од разумот и рачиото. Потоа кога нема да успее бараат виновник во своите редови. Сето тоа е осудено на неуспех и последици. Единствен начин се изборите. Тогаш и само тогаш, народот ја има одлучувачката моќ во една демократска држава и никој за тоа не може да го казни или осуди. Само, не смее да се заборави па пак да ни е виновно ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави