Пожарот во атарот на село Требовле во попладневните часови се приближил до селото, соопштуваат од Центарот за упраување со кризи, од каде истакнуваат дека на терен сите сили се насочени со цел да се спречи ширењето на пожарот.
Во текот на денот во гасење на пожарот интервенирале екипи на ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ДЗС Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод, лица од месното население и 2 хеликоптери од АРМ.
За гасење на пожарот, како што додаваат во соопштението, се упатени дополнителни сили од Струга и Гостивар, а ќе се состане и Регионалниот штаб на Македонски Брод за да се преземат дополнителни мерки и активности.