fbpx
8.8 C
Skopje

Милошевски: Советот за лечење фрустрации на Роберт Алаѓозовски е сочинет од луѓе кои сакаат да го рушат Скопје 2014

АКТУЕЛНО

Варваризмот и неспособноста стануваат основни одлики на т.н. културни работници на СДС.

Наместо да унапредуваат – уназадуваат. Наместо да создаваат – рушат. Наместо да го ценат квалитетот – спроведуваат партиски чистки. Бркаат од работа успешни професионалци и вработуваат „од чистачка до директор“ луѓе со членска на СДС како втора лична карта.

Таков е и новиот совет за култура на министерот Роберт Алаѓозовски во кој членуваат познати деструктивци од СДС, сеачи на омраза и поделби, луѓе кои активно работат на уништување на историјата и културното наследство на Македонија.

Советот за лечење фрустрации на Роберт Алаѓозовски е сочинет од луѓе како Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и Владе Милчин, а повеќето од нив јавно говореле дека ќе го рушат проектот Скопје 2014, ќе рушат споменици, ќе ги минираат, ќе ги топат и од нив ќе прават суровина за металуршката индустрија.

Ова не се зборови на осуден криминалец или бомбаш, ова се зборови на првиот човек на советот за лечење фрустрации на Алаѓозовски.

Цитирам: „Ќе ги минираме, ќе ги стопиме, ќе ги уништиме“ вели Ѓунер Исмаил и продолжува: „оној воин, сосе мајка му, сосе татко му, Никола Карев и целата булумента која служи за потсмев. Во СДСМ се дискутира безмилосно и радикално“.

Господа советници, ви препорачуваме вашите фрустрации и радикалност да ги канализирате во вашиот дом или во соодветна институција, која не е совет за културата. Без оглед на познатиот однос на СДС кон историјата и хероите на македонската држава, без оглед на вашиот бес и гнев, тој став не е став на мнозинството граѓани во Република Македонија и треба да бидете многу внимателни во чувството на семоќност кое може да повлече ваши непромислени постапки.

Започнавте со јадење живи луѓе и политички прогон кој ќе заврши на суд на штета на Република Македонија – и за тоа сталинистот Алаѓозовски ќе одговара.

Но доколку се обидете да уништувате споменици на историјата на македонската државност, ќе одговарате сите до еден и ќе ви суди народот. Дури и поскоро отколку што очекувате, рече на прес конференција пред Министерството за култура Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -