Деновиве на мета на криминалците во нашиот главен град Скопје се спортските обложувалници со оглед на тоа што откако беше ограбена „Златна Копачка“, истото ја снајде и „Спорт Лајф“.
На 09.01.2017 година околу 19,19 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, две непознати лица маскирани и вооружени со огнено оружје-пиштоли, извршиле разбојништво над еден вработен при што одзеле околу 19.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Од МВР истакнуваа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.