Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија е главна тема со недели кај нас, без притоа да се збори нешто за самиот договор и неговиот текст, колку што целта е да се исполитизира целиот настан.
Ако се прочита договорот тој е сјаен, од која само една точка оди против македонските интереси, а тоа е што Македонија меѓуредови се откажува од своето малцинство.Многу болно бидејќи нашата земја се утепа од грижи за нив, а вистината е дека Македонија не се грижи за Македонците во Тетово и Арачиново, не пак за Македонците вон нејзините граници.Исто така оваа точка е само последица на времената спогодба со кој Македонија се откажа од нив, уште пред едно добри 20 години.
Изненадува фактот што Македонци има само во Пиринска Македонија, а Македонците масовно се населувале за време на војните и во Софија и другите бугарски градови, а голем дел од видни македонски дејци живееле и умреле во Софија. Тоа е факт што многу ме зачуди, како тоа Македонци има само во Пиринот, а не и во останатите краеви на Бугарија.
Но доста за тоа, одиме понатаму, партијата која е задолжена за градање на добрососедски односи, е против овој договор.Некако сакаат да заборавивме кој прв градеше вакви односи па да се потсетиме : Кој славеше ослободување од Турците со Србија, кој повикуваше грчки историчари на дебатни емисии за нивните видувања од нашата заедничка историја, и кој го снима документарецот за заедничката историја на Македонците и Албанците и нивната заедничка борба. Е со Бугарија само немаме заедничка историја од соседите, а жалните се повикуваат на минатото на луѓе кои биле бугарски војници , доктори, учители и.т.н.
И полека доаѓаме до точката од која сите се плашат, а всушност тоа е главниот дел каде што ние сме победници, формирање на заедничка комисија за ревидирање на историјата.
Во овој дел од договорот нема ништо страшно, ете на пример тема на ревидирање кај нас беше Тодор Александров кој од Бугараш стана најголем Македонец по Гоце Делчев.
Ова најдобро покажува дека во ревидирањето на историјата нема ништо страшно, ниту болно, напротив полезно и добро.
Дебатата која ја предвидува договорот во фудбалски жаргон е празна статива во последни секунди каде што ја имаме топката и шансата да дадеме гол и да победиме на натпреварот, бидејќи ако ние ја збориме вистината а тие лажат, во процесот на ревидирање на историјата и кога ќе се извадат документите и архивите на маса, ние ќе сме победници или можеби не ??
Македонските историчари треба да бидат благодарни на оваа влада што им среди терен за дуел со нивните колеги од Бугарија, со што засекогаш ќе расчистат со нив и со факти и аргументи ќе докажат дека Македонизмот не е лага креирана од Тито.
Или можеби се плашат од тоа, од излегувањето на виделина на други историски факти и вистини ?
Стравот кој се сее дека со ревидирање на учебниците ќе се избрише македонската нација и нејзината историја се толку смешни и излишни за коментар.Фактот што во новите историски учебници нема да пишува дека Гоце Делчев учел во машката гимназија во Солун, но многу поточно ќе биде евидентирано дека учел во Бугарската машка егзархиска гимназија нема да биде никакво бришење на нацијата, напротив само појасно и подетално објаснување на неговото образование.Ниту еден народ не може да се избрише туку така, а за тоа најдобар пример се Курдите.
И ќе потенцирам уште еднаш, ревидирањето на учебниците е за двете страни, каде што историчарите преку јавна дебата помеѓу нив, со вадење на документи од архивите како од Македонија и Бугарија, така и од Турција, ќе ни појаснат за тоа каква е историската вистина и на крајот од ова ревидирање ќе паднат маските на оние кои лажат.
За крај вреди да се напомене дека договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија веќе ја направи својата прва посериозна штета, па така наместо турски тв серии и српски ток шоуа, за време на Илинден ќе мораме да гледаме комитски и илинденски филмови.
Пишува : Ојнак