ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука јавно да ги повика членовите и поддржувачите на партијата овој пат да се воздржат од присуство на настаните кои ги организира Владата на СДСМ, а со цел да не бидат со умисла и со подготвено сценарио испровоцирани и навлечени на реакција, а потоа и обвинети дека предизвикале инцидент или насилство, соопштија денеска од опозициската партија.
Ако некои сепак одлучат да присуствуваат, партијата ги повикува да бидат крајно воздржани на можни провокации и да не дозволат да бидат вовлечени во можни исценирани инциденти.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе најде начин со соодветен чин да изрази почит и да го одбележи херојството на нашите предци во нивната борба и лична жртва за слободна, независна и демократска Република Македонија“, се вели во соопштението. Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека револтот на граѓаните од овој, според нив, капитулантски договор на марионетската влада на СДС не треба да биде насочен кон соседна Бугарија и нејзините претставници и граѓани, се вели во партиското соопштение.