fbpx
8.8 C
Skopje

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за трајно населување на десетици илјади мигранти во земјава

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ преку тенденциозно ширење на лажни вести за наводно трајно населување на десетици илјади мигранти и нивно вработување, продолжува да внесува вознемиреност помеѓу граѓаните, велат од СДСМ.

„Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 е само надградба на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година. Се работи за документ што е јавно објавен и отворен за сугестии и истиот служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција.

Преку наводната загриженост за необврзувачки документ, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најпосле ги призна катастрофалните политики што таа партија ги спроведуваше во изминатите 11 години. ВМРО-ДПМНЕ преку денешното соопштение призна дека Македонија се соочува со висок степен на сиромаштија и висока стапка на невработеност и призна дека во изминатите години стотици илјади граѓани беа приморани да се иселат од државата поради катастрофалните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ.Токму затоа денес ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и токму затоа мнозинството граѓани гласаше за промени и за нова влада предводена од СДСМ која ги решава напластените проблеми и работи отчетно, отворено и исклучиво во интерес на граѓаните и државата“, се додава во реакцијата од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -