30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Гигс го посочи главниот фаворит за пехарот во ПЛ: Тие се страшни…

Полека, но сигурно се ближиме до почетокот на новата сезона во Премиер лигата, па пред да започнат вистинските возбудувања секогаш имаме анализи и предвидувања за тоа што може да донесе следаната кампања.

Овој пат во центарот на вниманието беше Рајан Гигс кој го посочи составот кој според него е прв фаворит за пехарот кој во моментов е во сопственост на Челси.

-Мислам дека Манчестер Сити е екипата која ќе треба да се победи. Ги гледав нив на крајот на сезоната и во нападот се страшни со Агуеро, Жесус, Сане, Де Брујн, Силва и Стерлинг. Тоа што требаше да го поправат беше одбраната и ќе биде интересно да видиме како Едерсон ќе се прилагоди, зошто ПЛ не се освојува со просечен голман. Да тие многу инвестираа во бекови, ама прашањето е дали Компани дали може да остане фит зошто неговото влијание и искуство се клучни за нив. Исто не можете да го игнорирате Челси поради нивниот квалитет, ама дали имаат состав кој може да балансира одбрана на ПЛ и европски фудбал? Не сум сигурен. Тотенхем има интересен состав со одличен менаџер Покетино, но сите се прашуваат дали ќе можат да се носат со конкурентите без засилувања, -посочил Гигс за „Скај Спортс“.

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

Последни објави