6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бошњаковски: Во Договорот со Бугарија се потврдуваат македонската нација и јазик

Во Договорот со Бугарија постојат аргументи со кои се потврдуваат македонската нација како посебност и македонскиот јазик и тоа за нас е завршено прашање, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски подвлече дека со Договорот минатото и историјата се поставени како темел на иднината.

– Договорот е основа за соработка и добрососедство, а ќе придонесе за подобрување во многу сфери: инфраструктурата, трговската размена, царинските и граничните олеснувања,… истакна Бошњаковски на прес-конференција.

поврзани објави

Последни објави