ПСЖ вчера го реализираше рекордниот трансфер на Нејмар вреден 222 милиони евра. Шпекулациите за и околу трансферот не стивнуваа со месеци, при што „Светците“ конечно го добија она што го посакуваа. Она што е интересно е дека тимот од Париз не пропушти да испрати провокација до довчерашниот соиграч на Нејмар, Жерард Пике, кој пред 10 дена постираше слика на социјалните мрежи од него и Нејмар на која се прегрнати а на која пишува „Останува“.
ПСЖ на Твитер како одговор на ова напиша: „Потпиша“.
Se firma 😉✅
🇧🇷 #BemvindoNeymarJR pic.twitter.com/LHPQ1wzuO9
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 3, 2017