8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Стојанче Ангелов го прифати предлогот на премиерот Заев: СЕ ВРАЌАМ ВО МВР!

ВРАЌАЊЕ НА ОТПИШАНИТЕ

По долго размислување, во согласност со препораката на раководството на “Достоинство“, откако го известив врвот на коалицијата “ВМРО за Македонија“, одлучив да го прифатам предлогот на премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски да се вратам назад во МВР.

Заедно со мене назад во МВР се враќа и мојата сопруга Јасминка Ангелова која таму работеше повеќе од 14 години, сѐ до март 2015 година, кога поради нечовечен однос кон неа, самата одлучи да си даде отказ и го напушти МВР.

Моето враќање во МВР е на професионална основа, се темели на моето 25 годишно присуство и искуство во областа на безбедноста, моето 16 годишно работно искуство во МВР од кои 7 во Единицата за специјални задачи “Тигар“ и не е условено со политичка соработка.

Длабоко во себе верувам дека одвнатре, од МВР, со мојот авторитет и со моето полициско, политичко и интернационално искуство ќе можам да му помогнам на министерот Спасовски во неговата намера да го издигне МВР во една чесна, високо професионална и респектабилна институција, напиша Стојанче Ангелов на својот ФБ профил.

поврзани објави

Последни објави