Велшкиот репрезентативец Герет Бејл би можел да го оствари вториот спектакуларен трансфер ова лето.
Дон Балон објави дека Бејл го информирал својот соиграч Лука Модриќ за своето незадоволство од тимот. Како што тврди порталот, Модриќ е единствен пријател на Бејл во соблекувалната на Реал и само со него води вакви разговори.
Неофицијално, Велшанецот се подготвува да се врати во Премиер лигата, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се спомнува Манчестер Јунајтед. Во моментов се зависи од Килијан Мбапе – ако тој одлучи да се пресели во Реал, Бејл сигурно ќе си замине од тимот.
Извор: Sportclub.mk