Очекувам утре претстедателот на Собранието Џафери да ги распише изборите. Локални избори ќе има на 15 октомври, бидејќи така се договорија политичките партии, изјави денеска во Охрид премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Во однос на кандидатте од СДСМ за локалните избори во Охрид, Заев потенцираше дека за тоа ќе одлучат анкетите.
– Да ги видиме најдобрите кандидати, не за Заев. Спасовски, Шеќеринска, туку за граѓаните, да видиме кој кандидати тие ги сакаат за татко или мајка на градот – рече Заев.