Постои ли начин како да се справите со нив? Веројатно не.
Сите парови имаат меѓусебни расправии, но ние ви нудиме совети како полесно да се справите со нив.
1. Избројте до 10
Ова навистина делува. Кога ќе чуете нешто што не ви се допаѓа, или со што не се согласувате, земете длабок здив и избројте до 10 пред да изреагирате погрешно.
2. Пронајдете знак за „стоп“
Кога несогласувањата со вашиот партнер ќе дојдат до точка на вриење, потребен е таков знак кој ќе ги смири страстите. Тоа може да биде одреден гест или некој смешен збор.
3. Не се обидувајте да победите
Не мора секогаш да бидете во право. Дури и кога сметате дека аргументите се на ваша страна, воздржете се. Ќе видите дека подоцна тоа ќе изгледа како да не било премногу важно.
4. За некои работи не вреди да се борите
Сосема нормално е да имате различни мислења. Но, постојат прашања за кои не вреди да се борите и на долг рок тоа само ќе ви предизвика стрес и незадоволство. Изберете мудро за што вреди да се борите.
5. Дајте му прегратка на партнерот
Секогаш кога постои расправија или несогласување, последното нешто што помислувате да го направите е физички контакт со партнерот. Но, понекогаш е добро да побарате и понудите прегратка. Тоа може да помогне да се избегне поголем судир.
6. Направете нешто „невозможно“
Да бидеме искрени, сите сме склони кон толкување на постапките на партнерот и сето тоа најчесто е во негативна конотација. На пример, ако тој заборави на некоја посебна прилика, значи тој не е заинтересиран за вас.
Обидете се да го направите „невозможното“: Дознајте зошто е тоа така и сменете ги работите. Ова целосно ќе го смени вашиот однос на позитивно.
7. Не е страшно ако си легнете нервозни
При големи несогласувања, воздржете се и дајте си доволно време за одмор. Следниот ден станете порано и не се грижете – ништо лошо нема да се случи со вашата врска во текот на ноќта (но, не го практикувајте ова често).
8. Внесете малку хумор
Хуморот и шегите се добар начин за разбивање на тензијата. Не се обидувајте да бидете иронично сурови со вашиот партнер, но добар невин гест или смешен збор, секогаш помага.
9. Знајте ја својата позиција
Секогаш се потребни две личности и две позиции за да дојде до судир. Додека броите до 10, размислувајте што го лути и му предизвикува непријатност на партнерот. Не плашете се да преземете одговорност.
10. Обезбедете доза на задоволство
Негативната атмосфера или присуството на негативни луѓе во вашата близина, можат само да ја зголемат тензијата и несогласувањата. Во такви случаи сетете се на нешто што ви предизвикува задоволство. На пример, отидете на вечера и релаксирајте се.