11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Станува ли Науме Јованоски најсериозен кандидат за Градоначалник од СДСМ на изборите ?

Појавувањето на Премиерот Зоран Заев со дел од владините министри и промовирањето на новиот Закон за јазици во ресторанот ”Лихнидос” во Охрид предизвика позитивни реакции пред се кај членството на СДСМ, но и пред граѓаните на Охрид го отвори прашањето:

Дали со денешниот потег првиот човек на СДСМ и Премиер Зоран Заев на мала врата го промовира Науме Јованоски за иден кандидат за Градоначалник на Охрид.

ФОТО ОХРИД

Меѓу новинарите, во политичките кругови во Охрид, кај граѓаните, а пред се во самото члество на СДСМ ова се толкува токму така, од причина што при толку хотели ( некои од нив новоотворени ) и при толку конференциски и прес сали, Премиерот и дел од министрите решија од одржат официјален состанок и промоција на круцијално важен Закон токму во ресторан кој е во сопственост на Науме Јованоски.

Притоа Премиерот при пристигнувањето на официјално закажаниот настан ( од страна на владините прес и протоколарни служби ) , пред камерите и репортерите беше пречекан токму од Науме Јованоски Чакар , со кого разменија срдечни зборови , а гестикулацијата и говорот на телото на таа средба укажува на обострана радост, поддршка и партнерство во нивниот меѓусебен однос.

Науме Јованоски веќе примал честитки !

Како што дознаваме , по овој настан во неговиот ресторан, Науме Јованоски попладнево е затрупан од смс пораки и телефонски повици од партиски членови, граѓани на Охрид , но и од членови на ВМРО ДПМНЕ кои  со години наназат имаат лични пријателски односи со него, а кои даваат поддршка и се интересираат кога ќе се официјализирала неговата кандидатура.

Заев кажа дека анкетите ќе одлучат кој ќе е кандидат 

Првиот човек на СДСМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека за тоа кој ќе е кандидат ќе одлучат анкетите, а не личните релации во партијата.

– Да ги видиме најдобрите кандидати, не за Заев. Спасовски, Шеќеринска, туку за граѓаните, да видиме кој кандидати тие ги сакаат за татко или мајка на градот. – рече Заев

 

ОХРИД1

поврзани објави

Последни објави