fbpx
-4.2 C
Skopje

Нејмар си поигрувал со Барса: Алвес откри дека неговиот сонародник имал план за излез од „Камп Ноу“

АКТУЕЛНО

Трансфер сагата наречена „Нејмар“ беше актуелна речиси цели три недели и истата на крајот заврши со неповолен исход за Барселона која во никој случај не сакаше да ја продаде својата ѕвезда за ниту една сума на пари, но проблем за каталонскиот гигант испадна тоа што ПСЖ одлучи да ја вклучи откупната клаузула вредна нестварни 222 милиони евра.

Со исплаќањето на оваа сума, Нејмар стана убедливо најплатен играч во историјата на фудбалот, но иако првичниот впечаток од целата оваа сага беше тој дека Бразилецот во последен момент направи избор меѓу ПСЖ и Барселона, Дани Алвес сега откри дека неговиот сонародник всушност имал план за излез од „Камп Ноу“.

Алвес по фантастичното деби за ПСЖ на француските медиуми им откри дека Нејмар бил оној кој го убедил да се пресели на „Паркот на принцовите“, а не во Манечстер Сити, а која била крајната цел може да се заклучи од потегот кој го изведе напаѓачот пред неколку дена.

– Нејмар ме убеди да потпишам за ПСЖ поради тоа што тој сакаше да дојде во овој клуб. Тој имаше намера да дојде тука и не ми требаше многу време да го послушам. Ќе порачам дека ниту јас, ниту Нејмар не го избравме ПСЖ поради парите. Имаме амбиции, сакаме нови предизвици, светот не завршува во Барселона, – потенцирал Алвес кој со оваа изјава јасно стави до знаење дека Нејмар имал смислено решение за заминување од Барса.

 

Извор: Derbi.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -